• сабота, 23 ноември 2024

Завршен митинг во Скопје на Алтернатива и Алијанса за Албанците: Заеднички да ја направиме потребната промена во земјата

Завршен митинг во Скопје на Алтернатива и Алијанса за Албанците: Заеднички да ја направиме потребната промена во земјата
Скопје, 12 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Алтернатива и носител на листата во втората изборна единица Африм Гаши, на завршниот митинг во Скопје заблагодарувајќи им се на сите, рече дека коалицијата АА-ААА доаѓа во мир за да ја направат потребната промена заедно. Тој истакна дека политичарите на коалицијата „Сега е време“ се поинакви од другите политичари и не како оние, кои кога ќе заврши кампањата исчезнуваат. -Со нас ќе се видите повторно. Сакам да зборувам албански лице в лице вечерва, затоа што сакам да ме држите како заложник за зборовите што ќе ги кажам тука вечерва. Овие 20  дена се запознавме и посетивме многу семејства, многу граѓани во неволја, кои не можат да врзат месец со месец. Нивната последна надеж е на 15 јули , рече Гаши.

Според него, иако оваа кампања се водела во пандемски услови, тоа му помогнало да ја сфати тежината на дадениот збор. 

-Ние не сме исти како тие што 18 години ветуваат и не реализираат, тие не се исти како нас, кои секое ветување го сметаме како аманет. Браќа и сестри, тие ги исполнуваат митинзите со услови и притисоци, за разлика од нас што ги исполнуваме со ентузијазам. Да не дозволиме да не излажат и измамат уште еднаш. Ние сме политичари на реалноста, затоа тие зборуваат за соништата, а ние зборуваме за проекти. За среќа, дојде нивниот крај, тие се подготвени за опозиција затоа што албанскиот народ веќе одлучи за тоа. Албанскиот народ е со нас , додаде Гаши.

Тој, исто така ги повика граѓаните да излезат на гласање, затоа што, како што кажа, негласањето помага за продолжување на статус квото и злото во земјата.

Претседателот на Алијансата за Албанците и носител на листата на коалицијата во шестата изборна единица Зијадин Села на денешниот завршен митинг им се заблагодари на граѓаните за присуството на овој митинг, уверувајќи ги дека никогаш нема да ја разочара поддршката што ја даваат за промена.

 -Оваа кампања им покажа на сите дека доаѓаме во мир, да им донесеме мир и слобода на Албанците, одговарајќи им на заканите со мир. На овој начин ќе дојдеме дури и по 15 јули. Знам дека не ви е лесно и дека имате тешкотии, но останаа уште неколку дена да ја донесете промената и демократија. Да ставиме крај на 18-годишниот монизам и да го развиеме животот во оваа земја на нашите предци, рече Села.

Според него, Албанците разбрале кој го донел злото во нивните домови, па затоа се подготвени да ги казнат виновниците на 15 јули.

 -Тие забораваат дека 18 години Албанците им го дадоа мечот, а Али со овој меч го распадна албанското семејство на половина. И овие Албанци ќе го земат тој меч и ќе му го дадат на Африм и Зиадин за да можат да градат живот. Потоа излегуваат и велат зошто не за албанскиот премиер. Да, Албанците се за премиер, но вие Али не бевте во можност да му дадете на еден млад Албанец работа, а камоли да му дадете премиер, додаде Села.

Според него, по доаѓањето на власт на коалицијата АА-ААА, ќе се гради заедничка држава за сите во име на целосна еднаквост, ќе се обезбеди правда за Албанците и квалитетни услови за живот. ац/

Остани поврзан