Завршени повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово, Секторот за образование најави дополнително уредување на повеќе училишта
- Заврши реконструкција на фасада на две основни училишта во Куманово во првото полугодие. Од Секторот за образование на Општината денеска на прес-конференција најавија повеќе проекти за инфраструктурно уредување на училиштата, преку проекти од МОН и други проекти за енергетска заштита.
Куманово, 27 декември 2024 (МИА) - Заврши реконструкција на фасада на две основни училишта во Куманово во првото полугодие. Од Секторот за образование на Општината денеска на прес-конференција најавија повеќе проекти за инфраструктурно уредување на училиштата, преку проекти од МОН и други проекти за енергетска заштита.
Вкупно во Куманово има 49 училишни објекти за 21 основни и средни училишта во градот. Завршени се или привршува поставувањето на фасади на „Толи Зордумис“ и на „Христијан Карпош“, а претходно и „11 Октомври“. Преку Јавното претпријатие „Куманово план“ подготвени се, аплицирани се, до ресорното министерството за образование и одобрени беа проектите. Надлежните очекуваат енергетска ефикасност, повеќе заштеда на електрична енергија, подобро услови за изведување на наставниот процес.
- При крај е реконструкцијата на Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ за подрачното училиште во село Пчиња, а паралелно на тоа се работи на целосна реконструкција на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ село Романовце, подрачно училиште Агино Село. Аплициравме на многу проекти на повикот од Министерство за образование и наука за „Вера Которка“ за подрачното во Долно Којнаре на „11 Октомври“, на подрачно на „Кочо Рацин“, изјави раководителот на секторот Александар Јовановиќ.
Ќе се реконструира и фасадата на „Браќа Миладиновци“ преку проект за намалување на аерозагадување.
- Најважно од се е што тече изградба на ново училиште за Средното општинско училиште Гимназија „Сами Фрашери“ еве веќе е во тек, се работи и потоа динамика треба да продолжи и во 2025 година, додава тој.
Преку МОН се чека реализација на фасада на „Вук Караџиќ“, одобрено е изградба на повеќе училишни спортски сали, дури неколку училишта од Куманово ќе добијат сала „Крсте Мисирков“, „Кочо Рацин“, „Бајрам Шабани“, се чека на одобрување на реконструкција на музичкото „Панче Пешев“. Фотоволтаици ќе бидат поставени на неколку основни училишта, бидејќи во речиси сите средни училишта, општината измнативе години постави фотоволтаици. ам/мд/
Фото: МИА