• петок, 30 август 2024

Завршена целосната реконструкција и реорганизација во тетовското медицинско училиште

Завршена целосната реконструкција и реорганизација во тетовското медицинско училиште

Тетово, 23 јануари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска на почетокот на второто полугодие информира дека е направено реновирање и со тоа целосна трансформација на средното медицинско училиште „Никола Штејн“.

Тој нагласи дека се направени сите работи со кои медицинското училиште има нов лик во внатрешноста на школскиот објект.

-Трансформацијата на училиштето започна со 12 едукативни слики во училишните ходници,  бојадисување на училиштето, нови врати, сите 42 училници комплетирани со проектор, лаптоп и завеси, 870 м2 поплочени површини, 112 скали со едукативни натписи, поместени шест кабинети, четири кабинети опремени со потребните алатки, комплетен кабинет за физиотерапија, комплетирање на информативниот кабинет со 30 компјутери, снабдување на библиотеката со 250 книги, изјави Касами.

Од училиштето информираа дека ќе учествуваат на Еразмус + програма за размена на искуства. ас/цр 

Остани поврзан