• вторник, 24 декември 2024

Забрчанец: Придонесовме за демократизација на општеството, во регионот имаме највисок индекс на отвореност

Забрчанец: Придонесовме за демократизација на општеството, во регионот имаме највисок индекс на отвореност
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, изјави досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.
Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постaпува по критиките.
- Имаме Влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот. Овие титули за македонската влада се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспарентноста длабоко во институциите, преку декласификација и објавување документи и информации за кои јавноста пројавува интерес, рече Забрчанец.
Во анализата на „Фокус“ и професорката Мирјана Најчевска истакнува дека вклучувањето во власта на луѓе кои претходно работеле во здруженијата на граѓани може да донесе повеќе позитивни промени, доколку станува збор за луѓе кои искрено влегле во институциите со цел да ги поттурнат понатаму идеите кои ги развиле и застапувале во невладиниот сектор. нд/са/

Остани поврзан