• понеделник, 23 декември 2024

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) - Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се зборуваат во нашата земја,  изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец.
Во гостување на „Тера ТВ“ додава дека таков предлог има пристанато од повеќе страни дури и дека таков медиумски фонд не е нова идеја.
-Дигитално е живеењето денес. Гледаме непречено содржини од соседите и други земји, но сите го знаеме чувството дека ни недостасува домашна македонска содржина, истакна Забрчанец.
Појасни дека средствата за тој фонд би се обезбедиле со одвојување на одреден процент од даноците кои што бизнисите ги плаќаат на државата. -Проценката е милион и пол до два и пол милиони евра годишно, за продукција на домашни содржини, за истражувачко новинарство, за едукативни содржини и продукти кои што излегуваат од медиумите на теми од јавен интерес, но и за обуки и јакнење на капацитетите на медиумските работници, што се проценува дека недостасува во медиумскиот сектор“ изјави Забрчанец.
Тој додаде дека веќе трета година е активна програмата за поддршка на печатените медиуми, каде што до 50 отсто се покриваат трошоците од минатата за печатење и дистрибуција на весниците.
-Тој модел, таа програма беше поддржана и од  медиумските здруженија и од новинарските здруженија и од самите печатени медиуми и еве трета година по ред функционира. А гледаме дека печатените медиуми не се навивачи за власта. Тој модел покажа дека се вложиле средства од државните буџет за печатените медиуми, но тоа не бил за сметка за корупмирање на медиумите или купување на нивната уредувачка политика, потенцира Забрчанец.
Во интервјуто ја истакна значајната улога на медиумите во однос на информирањето на граѓаните за заштитните мерки од Ковид-19 и честиташе на сите медиумски работници за професионализмот и посветеноста со која ја информираат јавноста не само за вакцинацијата, туку,како што рече, од самиот почеток кога се учевме сите себе си како да се поставиме виза ви заштитните мерки, односно јавноста во целиот свет учеше кои мерки се најефикасни.
Оцени дека медиумите и медиумските работници имаат придонес во спасување човечки животи и изрази благодарност во име на Владата.
Посочи на неопходност од кампања за  едукација за вакцините, бидејќи само половина од населението е подготвено да се вакцинира.
-Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност, истакна Забрчанец.
Тој нагласи дека праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше и користеше милиони средства пари на граѓаните под превезот на владино рекламирање, со цел да корумпира медиуми, не постои повеќе.
Посочи и на тоа дека во член 102 од Законот за АВМ ќе предложат измена, која предвидува дефинирање на исклучок од забраната со цел да се може да се предвидат средства од буџетот за да се информираат граѓаните во случај на потреба на заштита на јавно здравје, заштита на безбедноста или други теми од висок јавен интерес, како што е на пример пописот, борба против корупција
Тој нагласи дека со предложените измени ќе остане на сила забраната за владино себерекламирање и за политички кампањи што го делат народот.
-Во предлогот има два клучни заштитни механизми, и тоа формирање независна комисија, тело кое што ќе дава мислење дали одредена тема е од јавен интерес или не, да не ни текне нам ни на некоја идна влада, да си прави кампањи за се и сешто како што беше примерот со претходните, рече Забрчанец, додавајќи дека вториот заштитен механизам е распределбата на буџетските средства, која нема да ја прави владата, туку софтвер со точно утврдени критериуми, кој клуч за распределба може да го администрира и оперира кој било субјект, нека бидат тоа новинарските здруженија.
Потенцираме дека по предлогот што го дефинираме, ќе следат состаноци со сите здруженија, медиумски работници, сите заинтересирани, а заштитните механизми ќе се проверат со Венецијанската комисија, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец.скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан