Забрани за тешки товарни возила попладнево на патот Демир Капија - Миравци, Струмица - Берово и на Плетвар
- Поради интензивни снежни врнежи попладнево од 17:25 часот забрана за тешки товарни возила има на патниот правец А1 Демир Капија-Миравци. Од 16:45 часот забрана за овој вид возила беше воведена и на патниот правец Р1302 Струмица-Берово, а од 16 часот и на Плетвар, соопштија од АМСМ и ЈП Македонијапат.

Скопје, 20 јануари 2024 (МИА) - Поради интензивни снежни врнежи попладнево од 17:25 часот забрана за тешки товарни возила има на патниот правец А1 Демир Капија-Миравци. Од 16:45 часот забрана за овој вид возила беше воведена и на патниот правец Р1302 Струмица-Берово, а од 16 часот и на Плетвар, соопштија од АМСМ и ЈП Македонијапат.
Од јавното претпријатие „Македонијапат“ апелираат до возачите да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја прилагодат брзината кон условите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво. вг/
Фото: МИА Архива