• сабота, 23 ноември 2024

Забранет влез на граничниот премин Делчево за лица од Северна Италија поради коронавирусот

Забранет влез на граничниот премин Делчево за лица од Северна Италија поради коронавирусот
Делчево, 29 февруари 2020 (МИА) - Веќе четврти ден на граничниот премин Делчево лицата кои доаѓаат од погодените подрачја со коронавирус во Северна Италија, се пренасочуваат кон граничните премини на Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир. Како што информираа надлежните за МИА, на граничниот премин Делчево, согласно препораките на Владата, од 25 февруари 2020 година, се засилени мерките заради намалување на ризикот од појава и ширење на коронавирусот. -На граничниот премин Делчево и Ново Село државјани кои доаѓаат од регионите во Северна Италија зафатени со вирусот не можат да влезат во државата. Поради одбегнување секакви компликации околу ширењето на коронавирусот и да се избегне патувањето и по неколку стотини километри, ги известуваме патниците кои доаѓаат од споменатите подрачја во Северна Италија дека дозволен влез во државата е единствено преку граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир, како и аеродромите во Охрид и Скопје, вела надлежните. За да се одбегнат сите ризици како и било какви дополнителни трошоци при патувањето надлежните посочуваат дека согласно препораките на Владата на РСМ, оние кои планираат да влезат преку овој граничен премин ќе бидат вратени и пренасочени за влез во државата кон граничните премини каде тоа е дозволено. вс/ир

Остани поврзан