• сабота, 23 ноември 2024

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор

Забранета водата за пиење во струшко Радожда, поради немање хлор

Струга, 4 јули 2024 (МИА) - Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга.

Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците.

- Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена, изјави Точков за МИА.
ЈП  „Водовод и канализација“ апелира до населението да не ја користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека превземаат мерки за нормализирање на состојбата. сс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан