Забранета водата за пиење во Струга поради дефект на водоводната мрежа
- Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е забранета за конзумирање поради дефект на водоводната мрежа, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Струга, 15 јули 2023 (МИА) - Водата за пиење од градскиот водовод во Струга е забранета за конзумирање поради дефект на водоводната мрежа, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Работните тимови на претпријатието, според информацијата, се на терен е работат на надминување на проблемот.
- Ги замолуваме сите граѓани да не ја користат водата за пиење до следното известување, порачуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Струга. сс/