• среда, 25 декември 2024

Забавен сообраќајот до Копаоник, кај Краљево завеани 200 луѓе

Забавен сообраќајот до Копаоник, кај Краљево завеани 200 луѓе
Копаоник, 5 јануари 2020 (МИА) - Снегот, кој од синоќа интензивно паѓа на Копаоник, придружуван од силни ветрови, достигна височина од 70 сантиметри. Сообраќајот е забавен, формирана е колона од возила, а во местото Рудно кај Краљево се завеани повеќе од 200 луѓе, јави РТС. Најмногу проблеми има на патот Рудница - Копаоник, во викенд населбата, каде што чистењето на снегот е отежнато поради паркираните возила. Како што пренесува РТС, патот од Рудно кој води до Ибарска магистрала е завен, а снежните наноси достигнуваат до еден метар. паг/

Остани поврзан