• петок, 05 декември 2025

ЖФК Љуботен избори квалификациско финале во ЛШ

ЖФК Љуботен избори квалификациско финале во ЛШ

Скопје, 30.јули 2025 (МИА) - Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, ЖФК Љуботен, со победата од 4:1 против екипата на Рунавик (Фарски острови) се пласираше во финалниот плеј-оф за пласман во Лигата на шампионите. Македонскиот првак попладнево во полуфиналениот дуел оствари победа, откако беше подобар ривал, иако противникот поведе со 1:0. Сепак првиот дел заврши со 3:1 за ЖФК Љуботен. Головите за македонскиот првак во првото полувреме ги постигнаа: Александра Марковска, Хава Мустафа и Улза Максути, додека во вториот дел мрежата на противничкиот тим ја затресе Мариан Охадиве. 

За ЖФК Љуботен ова е историски успех, затоа што стана прв македонски тим кој ќе игра во последното квалификациско коло, откако на сила е новиот формат од 2021 година. 

Во финалето на турнирот што се игра во Скопје на 2.август од 17.часот ЖФК Љуботен ќе игра против ерменскиот Пјуник, кој во првото полуфинале го совлада тимот на НСА Софија со 1:0.   мн/

Фото: ЖФК Љуботен

 

Остани поврзан