• вторник, 23 јули 2024

Жоржињо: Кулибали е големо засилување за Челзи

Жоржињо: Кулибали е големо засилување за Челзи
Лондон, 30 јули 2022 (МИА) – Фудбалерот на Челзи, Жоржињо, изјави за италијански „Скај спорт“ дека дефанзивецот од Сенегал, Калиду Кулибали, е големо засилување за премиерлигашот од Лондон. Челзи неодамна на Наполи му плати 40 милиони евра за услугите на Кулибали, а Жоржињо добро го познава сенегалскиот фудбалер со кого четири години настапуваше во клубот од Неапол. - Мислам дека Кулибали е многу, многу важно засилување за Челзи. Тој не е само одличен фудбалер, тоа ни е познато на сите, туку ќе ни помогне и надвор од теренот, во соблекувалната. Тој е одлично момче, изјави Жоржињо. Бразилецот со италијански пасош призна дека имал голема улога во одлуката за трансферот на Кулибали. - Му испратив неколку пораки и неколку пати телефонски разговаравме. Му реков „Ајде, зошто уште чекаш. Мораме повторно да играме заедно, а немаме уште многу време“, додаде Жоржињо. ег/паг/

Остани поврзан