• сабота, 23 ноември 2024

Жичарницата од утре ќе работи од 10 до 18 часот

Жичарницата од утре ќе работи од 10 до 18 часот
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Жичарницата од утре (1 октомври) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа од 17 до 17.30 часот ќе биде последно возење од доле нагоре, а во 17.45 часот последно возење од горе надолу, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Посоченото работно време е согласно одлуката за работно време на објектот за месеците октомври и април, информираат од ЈСП Скопје и потсетуваат дека и натаму секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичарницата не работи поради редовни сервиси. рп/са/

Остани поврзан