• среда, 25 декември 2024

Жител на тетовско останал без пари откако доставил градежен материјал

Жител на тетовско останал без пари откако доставил градежен материјал

Тетово, 7 септември 2022 (МИА) - Шеесет и шестгодишен жител на тетовско село, вчера во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 8 часот и 20 минути на неговиот син телефонски му се јавило лице, наводно сопственик на струмичка фирма и му нарачало повеќе градежни материјали. По извесно време тој ги натоварил материјалите на камион и ги испратил кон Струмица, но биле истоварени во скопско, а купувачот на материјалите му рекол дека тој ги платил на друго лице кое во меѓувреме дошло на неговиот плац, по што му станало јасно дека бил измамен, информира Марјан Јосифоски.

СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот. Поради зачестените пријави за измами портпаролот Јосифоски уште еднаш апелира до граѓаните да бидат претпазливи.

-Особено повозрасните лица да бидат претпазливи во комуникацијата со непознати луѓе, која е најчесто телефонска, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги, да ги проверуваат податоците пред да станат жртви на измама, да не им даваат пари на измамниците, вели Јосифоски.  

Сите сомнителни случаи граѓаните веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192. ас/дма/

Остани поврзан