• вторник, 03 декември 2024

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, е наведува во оопштението од Обвинителтвото. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан