• сабота, 23 ноември 2024

Жители од Ѓорче Петров бараат општината да реши урбанистички проблеми

Жители од Ѓорче Петров бараат општината да реши урбанистички проблеми
Скопје, 8 мај 2021 (МИА) - Жители на населбите Ѓорче Петров и Дексион во општина Ѓорче Петров денеска со протест искажаа незадоволство од изградба на објект до самата пруга, укажувајќи дека тоа е  спротивно на законот кој предвидува оддалеченост од 20 метри.
Со протестот тие бараат од Општина Ѓорче Петров да почне да работи на терен, да  гo расчисти и да не го поддржува, како што велат,  урбаниот хаос.  Протестот го организирaа жители од улиците „Знеполе“, „Македонска преродба“, „Ѓурчин Кокал“, „Радушка“ и „Црногорска“. 
Од градоначалникот Александар Наумоски и Советот на Општина тие побараа изградба на канализациска мрежа  на улиците „Радушка“ и „Црногорска“, асфалтирање на ул.„Радушка“, која веќе една година е раскопана, асфалтирање и на ул.„Црногорска“ и „Кузман Шапкарев“, како и остатокот од ул.„Знеполе“, и отстранување на сите дивоградби кои се изградени без одобрение за градба и во близина на пругата, без да се почитува законското растојание од 20 метри. 
 

Граѓанската иницијатива информира дека протестите ќе траат се додека локалната власт не почне активно да работи и да расчистува со, како што велат, „урбаната мафија која царува“ во нивната општина. хс/ цр

Остани поврзан