• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Жители на села од Дебрца се жалат на отежнати сообраќајни врски по пуштањето на делницата на автопатот Охрид - Кичево

Жители на села од Дебрца се жалат на отежнати сообраќајни врски по пуштањето на делницата на автопатот Охрид - Кичево

Охрид, 14 јули 2025 (МИА) – Жители на повеќе села на Општина Дебрца се соочија со проблеми по пуштањето на дел од автопатот во изградба „Охрид – Кичево.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, денеска оствари средба со група граѓани од  населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода, кои притоа истакнале дека се засегнати со пуштањето на делницата, бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села, односно живеалишта со автопатот.

„Како локална самоуправа ја разбираме нивната загриженост и уште еднаш апелираме до Јавното претпријатие за државни патишта,како инвеститор и изведувачите што е можно најбрзо да ги изградат помошните ,односно пристапните патишта,како би се овозможило безбеден и непречен пристап на засегнатите жители од Автопатот до нивните населени места и обратно“, вели Ногачески.

Од вчера за сообраќај се пуштени дваесеттина километри автопат одмагистрланиот патен правец Охрид - Кичево, на потегот од Врбјани до Ботун. аб/са/

фото/Општина Дебрца

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан