• вторник, 24 декември 2024

Жителите во високите зони на Штип од десната страна на река Отиња утре без вода за пиење

Жителите во високите зони на Штип од десната страна на река Отиња утре без вода за пиење

Штип, 19 јуни 2024 (МИА) - Во Штип интензивно се гради новиот кружен тек кај зградата Пролет, кој треба да го олесни сообраќајот кон Клиничката болница-Штип, но и кон неколку институции во градот.

Поради промена на водоводната и канализациона мрежа утре без вода за пиење ќе бидат жители на неколку населби и  улици во високата зона од десната страна на река Отиња, информираат денеска преку писмено соопштение комуналното претпријатие „Исар“-Штип.

Во него се вели дека по претходно планирани активности за промена на водоводна и канализациона линија за изградба на новиот турбо кружен тек кај зграда Пролет утре од 05:00 часот наутро без вода за пиење ќе биде десната висока зона од река Отиња.

-Станува збор за жителите од станбените згради познати како „Кули“„ потоа населната Деснаци, жителите од улиците „25 Мај“, „Ленинова“, „Личка“, „Вита Поп Јорданова„, „Борко Талев“, „Првомајска“, „Никола Карев“, „Јаким Стојков“, „Димо Хаџи Димов“, се вели во соопштението од ЈП „Исар“-Штип.

Од ова комунално претпријатие посочуваат дека планирано времетраење за завршување на активностите е околу 23 часа. вдј/сст/

 

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан