• петок, 08 ноември 2024

Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија

Жиру: Повредата на Мбапе остави белег во победата над Австрија

Дизелдорф, 18 јуни 2024 (МИА) - Францускиот напаѓач Оливие Жиру се осврна на повредата на Килијан Мбапе на натпреварот со Австрија (1:0) на Евро 2024 година.

- Повредата на Мбапе остава белег по победата. Секако, малку сме вознемирени поради неговата повреда. Отиде на лекарски преглед. Немам што да додадам повеќе за неговата повреда. Се надевам дека ќе се врати што е можно побрзо, изјави Жиру по натпреварот.

Мбапе во 86. минута од натпреварот се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо, по што заврши на тревникот. Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено да се лекува без операција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан