• среда, 20 ноември 2024

Жила го одбрани мундијалското златото на малата скокалница

Жила го одбрани мундијалското златото на малата скокалница

Планица, 25 февруари 2023 (МИА) – Полскиот ски-скокач Пјотр Жила е сензационален победник на 90-метарската скокалница на Светското првенство во нордиски дисциплини кое се одржува во Словенија.

Жила до златото, второ во низа на Мундијалите, стигна со извонреден втор скок долг рекордни 105 метри, иако по првата серија беше на 13. место.

Воедно, 36-годишниот Жила стана највозрасниот свестки шампион на т.н. мали скокалници.

За Полска ова е шесто злато на 90-метарските скокалници.

Пласман на првите тројца на вечерашните скокови на Планица:

1. Пјотр Жила (Полска) 97,5 метри и 105 метри вкупно 261,8 бодови

2. Андреас Велингер (Германија) 101 м и 102 м вк. 259,2 бода

3. Карл Гајгер (Германија) 100 м и 101,5 м вк. 257,7 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан