Животот и делото на Ченто преку фотографии претставени во Охрид
- Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата
Охрид, 18 ноември 2022 (МИА) - Животот и делото на првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто прикажан низ 250 фотографии со кратки информации за 150 настани беше изложен денеска во Спомен-куќата на Христо Узунов во Охрид.
Изложбата насловена „Ченто - биографија низ фотографија“ на Рубинчо Белчески ја отворија директорите на Охридскиот и Прилепскиот музеј, Катерина Велкоска и Горан Цветкоски.
Посетителите, како што истакна Велкоска, на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него.
- Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска.
Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов - Ченто, а пред охридската публика ќе биде достапна секој работен ден до 30 ноември годинава. сс/мд/
Посетителите, како што истакна Велкоска, на 250 хронолошки поставени фотографии ќе можат да го видат животот и делото на Ченто, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на дела создадени за него.
- Содржините од изложбата збогатени со кратки информации на 150 настани, кои ги дообјаснуваат „замрзнатите“ моменти од фотографиите, неколку текстови на авторот и делови од говори, мисли и изјави на Ченто, ја прават фотомонографијата, која го заокружи проектот, посочи Велкоска.
Изложбата ја организираат музеите од Прилеп и од Охрид по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов - Ченто, а пред охридската публика ќе биде достапна секој работен ден до 30 ноември годинава. сс/мд/ Можно е и ова да ти се допаѓа
Избор на уредникот
document.write ("?zoneid=44");
document.write ('&cb=' + m3_r);
if (document.MAX_used != ',') document.write ("&exclude=" + document.MAX_used);
document.write (document.charset ? '&charset='+document.charset : (document.characterSet ? '&charset='+document.characterSet : ''));
document.write ("&loc=" + escape(window.location));
if (document.referrer) document.write ("&referer=" + escape(document.referrer));
if (document.context) document.write ("&context=" + escape(document.context));
document.write ("'><\/scr"+"ipt>");
//]]>-->