Жешко е - се топат асфалти и покриви
- Толку е топло во светот, што патишта и покриви се топат
22 јули 2022
Си-ен-ен
Толку е топло во светот, што патишта и покриви се топат.
Смртоносните топлотни бранови од минатата недела предизвикаа чудни инфраструктурни настани низ светот додека милиони луѓе се справуаат со високите темпратури што сè уште растат.
Настаните поврзани со горештините се однесуваат и на застарените инфраструктури во светот, најмногу на патишта, мостови, железници, градби, што не се подготвени за топлите услови како сегашните.
Колку топло беше всушност? Па...
Толку топло, што се топеше пистата на аеродромот во Лондон
Велика Британија во вторникот го регистрираше најтоплиот ден, кога температурите надминаа 40 степени Целзиусови.
Толку топло, што писта на аеродромот Лутон во Лондон, на периферијата на главниот град, кој мораше да биде затворен, почна да се топи на горештината.
„Летовите се привремено прекинати за да се овозможи суштинска поправка на пистата откако високите температури на површината предизвикаа мал дел да се подигне“, од аеродромот објавија на Твитер во понеделникот.
Жештината предизвикува материјали да се прошират или да се раздвојат кога температурите се во пораст, според државниот универзитетски колеџ за инженерство во Пенсилванија, бетон и асфалт, на писти и патишта, не се исклучок.
Толку топло, што се стопи покрив на музеј во Кина
Топлотен бран сега ја опфати половина Кина, влијаејќи над повеќе од 900 милиони луѓе или околу 64 отсто од населението. Сите освен две североисточни провинции во Кина издадоа предупредувања за висока температура, 84 градови дадоа црвени предупредувања од највисоко ниво минатата недела.
Во градот Чонгкинг, што исто така е под црвен аларм, топлината предизвика да почне со топење покривот на Музејот на културни реликвии на забранетиот град.
Топлината ја раствори основата, предизвикувајќи традиционалните кинески плочки да излезат.
Толку топло, што го завиткуваат лондонскиот мост во фолија
Мостот Хамерсмит во Лондон сега може да биде виден со сребрена фолија околу него поради топлотниот бран што ја зафати земјата.
Можеби се прашувате зошто фолија и дали таа би привлекла повеќе топлина, но, всушност станува збор за дел од разладувачки систем, дизајниран за да ја рефлектира сончевата светлина и да го одржува мостот на умерена температура, па неговите материјали да не се шират и да не пукаат.
„Инженерите работат деноноќно за да го одржат 135-годишниот мост Хамерсмит отворен за време на екстремната жешка магија“, пишуваат од Советот на Хамерсмит и Фулам.
Советот ангажираше инженери од светска класа за да го покријат мостот со „систем за контрола на температурата од 420.000 фунти или 503.000 долари за да се одржи мостот на безбедна температура и да се ублажат сите напрегања на постаментите“.
„Ефикасно делува како џиновска единица за климатизација на секој од четирите синџири на пиедесталот“, пишува во соопштението.
Мостот требаше да се затвори во август 2020 година, кога топлотен бран предизвика „микрофрактури во неговите постаменти од леано железо“.
Толку топло, што ги обоија пругите во Лондон во бело
Железници исто така се изгорени за време на овој топлотен бран. Толку многу, што ги обоија бело во Лондон.
„Температурата на железницата овде е над 48 степени Целзиусови, па ние ги боиме пругите во бела боја за да спречиме да станат уште потопли“, на Твитер објави железницата на Велика Британија.
Агецнијата ја регулира железничката инфраструктура во Велика Британија.
Боејќи ги пругите во бело, тие ќе примаат помалку топлина и помалку ќе се шират. Ова, за возврат, ги намалува одложувањата за време на топлото време, пишува агенцијата на Твитер.
Толку топло, што пукаат цевки во Тексас
Високите температури и недостигот од дожд предизвикаа поместување на тлото во Форт Ворт, Тексас, според градската веб-страница.
Резултатот е „невообичаено голем број прекини на водоводната мрежа“ летово.
„До осум часот наутро во понеделникот, Форт Ворт Вотер имаше 476 главни прекини во 2022, со 221 од тие во изминатите 90 денови. Бројката е 182 во изминатите 30 дена, над 38 отсто вкупно на годишно ниво“, пишува во соопштението.
Со тоа се создаде хаос во Форт Ворт како резултат на недостиг на работна сила поради Ковид-19, што создаде заостанати протекувања и поправки, се наведува во соопштението. А тука е и фактот дека поради горештината, потрошувачката на вода е зголемена.
„Градот донесува надворешни изведувачи на итна основа да помогнат во овие заостанати работи“, појаснуваат оттаму. бд/