Жестоки борби и експлозии во Сомалија
- Во квартот каде што се наоѓа претседателската палата во Могадишу, главниот град на Сомалија, во тек се интензивни борби, пренесува порталот Сомалија Гардијан.

Могадишу, 9 декември 2020 (МИА) - Во квартот каде што се наоѓа претседателската палата во Могадишу, главниот град на Сомалија, во тек се интензивни борби, пренесува порталот Сомалија Гардијан.
Информацијата е потврдена и од други медиуми, а Африкањуз пренесува дека во Могадишу се водат жестоки борби, одекнуваат експлозии, иако засега нема информации кој и за каква цел учествува во конфликтот. паг/