• понеделник, 23 декември 2024

Жерар Депардје побара одложување на судењето поради здравствени причини

Жерар Депардје побара одложување на судењето поради здравствени причини

Париз, 28 октомври 2024 (МИА) - На денешното рочиште пред Судот во Париз, од судскиот процес против францускиот глумец Жерар Депардје, адвокатот на обвинетиот побара одложување. Како причина е наведено неговото нарушено здравје, пишува весникот „Фигаро“.

- Жерар Депардје е многу погоден од овие обвинувања и, за жал, неговите лекари му забранија да присуствува на рочиштето, поради што тој ќе побара одложување за подоцнежен датум за да може да присуствува на постапката, изјави адвокатот Жереми Асу.

Депардје, инаку, е обвинет за сексуално насилство од две жени, коешто наводно се случило на снимањето на филмот на режисерот Жан Бекер - „Зелени ролетни“ (Les volets verts), во 2021 година. Имињата на двете жени-тужителки не се објавени. Против еден од најпознатите француски глумци се поднесени и бројни слични пријави, па можни се и други правни постапки. 

Во февруари, една од тужителките - филмска работничка од областа на сценографијата која сега има 55 години, рече дека претрпела сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди додека била ангажирана за филмот. Несоодветното однесување наводно се случило во приватна куќа.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан