Женската пинг-понг репрезентација на Балканско првенство во Сараево
- Македонската женска пинг-понг репрезентација од 23 до 27 август 2022 е дел од Балканското сениорско првенство во Сараево 2022 година.

Скопје, 24 август 2022 (МИА) - Македонската женска пинг-понг репрезентација од 23 до 27 август 2022 е дел од Балканското сениорско првенство во Сараево 2022 година.
На првенството ќе настапат Амелиа Луциана Николов од клубот ППК Шампион Фа - Штип, Катарина Лаура Михаилов од клубот ППК Телеком Нец - Скопје и Ива Димитриевска од ППК Рисови - Скопје.
Поради повреда, како што информираат од федерацијата, нема да настапи Ана Стојановска од ППК Крива Паланка - Крива Паланка.
Дополнуваат дека на свеченото отворање на првенството, оствариле средба и добиле безрезервна поддршка од Македонскиот амбасадор во БИХ, Екрем Ебиби, и министер-советник во БИХ, Борчо Дамјанов. ар/дма/
