Женг за прв пат стигна до полуфиналето на Грен слем и ќе дебитира во топ 10
- Во моментов 15. светски рекет Чинвен Женг денес ја победи Ана Калинскаја на Австралија опен со 6:7 (2), 6:3 и 6:1 и се пласира во полуфиналето.

Мелбурн, 2024 (МИА) – Во моментов 15. светски рекет Чинвен Женг денес ја победи Ана Калинскаја на Австралија опен со 6:7 (2), 6:3 и 6:1 и се пласира во полуфиналето.
Дваесет и едногодишната тенисерка од Кина за прв пат во кариерата стигна до полуфинале на Грен слем турнир. Ова и е деветти пат да се натпреварува во главната ждрепка.
По денешниот резултат Женг ќе дебитира во топ 10 на ВТА ранг-листата.
Во полуфиналето таа ќе се сретне со уште еден дебитант во оваа фаза на Грен слем, украинската тенисерка Дајана Јастремскаја. зс/
Фото: ЕПА