• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Жена од Гостивар починала во Струга

Жена од Гостивар починала во Струга

Струга, 28 февруари 2025 (МИА) - Седумдесет и пет годишна жена од Гостивар со престој во Струга била однесена почината во Медицинскиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 19 часот и 6 минути во полициската станица Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар била однесена почината Д.И. (75) од Гостивар.

Жената, како што е појаснето, престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга.

- Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, стои во соопштението на СВР Охрид. сс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан