• недела, 28 јули 2024

Жена во Тетово ја скрши десната нога и повреди рака во обид да избегне напад на бездомни кучиња

Жена во Тетово ја скрши десната нога и повреди рака во обид да избегне напад на бездомни кучиња

Тетово, 21 ноември 2022  (МИА) - Со скршеница на десната нога и повредена рака заврши 40 - годишна жена во обидот да избегне напад од бездомни кучиња вчера во Тетово. Непријатниот настан се случил во неделата околу 23 часот на булеварот „Маршал Тито“ кај зелениот пазар.

-Се движев од дома кај зелениот пазар кон автобуската постојка на булеварот за да одам трета смена на работа. Кучињата ме нападнаа кај пазарот. Се обидов да побегнам преку жардиниерата помеѓу тротоарот и велосипедската патека, но тука се сопнав и ја искршив ногата и ја повредив раката, вели В.С инаку мајка на три деца.

Жената била однесена во тетовската болница каде поради скршеницата на ногата и е направена имобилизација со гипс, а санирана била и повредата на раката. Случајот е пријавен во полиција, со тоа што полициска екипа дошла во болницата да направи записник за пријавениот напад од бездомни кучиња. ас/вг/  

Остани поврзан