• недела, 28 јули 2024

Железна купола случајно соборила израелски воен дрон

Железна купола случајно соборила израелски воен дрон

Тел Авив, 26 мај 2021 (МИА) - Израелскиот противвоздушен систем Железна купола случајно соборил израелски воен дрон за време на неодамнешните борби со Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили.

Како што изјави портпарол на израелската армија за весник Хаарец, Железната купола го погодила дронот „Скајларк“ и оти во тек истрага за инцидентот.

„Скајларк“ се мали беспилотни летала произведени од израелска меѓународна компанија за одбрана „Елбит Системс“ и се користат од единицата „Скај рајдер“ на артилерискиот корпус на израелските одбранбени сили за разузнавачки, набљудувачки и разузнавачки мисии.

Хаарец објави дека израелските одбранбени сили се загрижени за инцидентот поврзан со пријателски оган, бидејќи се поставува прашањето дали се способни да се борат подолг временски период без да им нанесат штета на сопствените сили.

Израелската Железна купола е систем за воздушна одбрана дизајниран за пресретнување ракети. ми/

Остани поврзан