• четврток, 26 декември 2024

Жан-Пол Готје најави повлекување

Жан-Пол Готје најави повлекување
Париз, 18 јануари 2020 (МИА) - Францускиот моден креатор Жан-Пол Готје (67) најави дека ќе се повлече од светот на модата и оти  ревијата на висока мода во Париз идната недела ќе биде негова последна. - Оваа ревија слави 50 години од мојата кариера и воедно ќе биде моја последна, објави Готје на Твитер. Тој наведе дека неговата модна куќа „Готје Париз“ ќе продолжи да работи. Готје првата колекција ја претстави во 1976 година и долго важеше за креатор кој ги поместува границите во модата и ги поминува линиите помеѓу машката и женската гардероба. ми/

Остани поврзан