• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства

Жан-Клод ван Дам опфатен во обвинение за сексуални злосторства

Букурешт, 3 април 2025 (МИА) - Белгискиот глумец Жан-Клод ван Дам е обвинет за вмешаност во сексуални злосторства. Според наводите на обвинението, ѕвездата од боречко-акционите филмови имал сексуални односи со пет жени од Романија, а се тврди дека му биле испратени од криминална организација којашто се занимава со трговија со луѓе.

Ван Дам (65), се наведува, знаел за потеклото на жените за кои станува збор, а целиот случај е дел од поширока истрага за трговија со луѓе во Романија, почната 2020 година. Адвокатот Адријан Кукулис, кој застапува една од жртвите, рече дека жените биле ранливи и се сомнева дека се искористувани за сексуални цели.

- Лицето што ги примило (жените), знаел за нивната состојба, тврди Кукулис.

Противзаконското дело наводно се случило во Кан, Франција. Обвинението е поднесено до Романската државна канцеларија за истрага на организиран криминал и тероризам.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Остани поврзан