• понеделник, 23 декември 2024

Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена

Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена
Лозана, 14 март 2020 (МИА) – Ситуацијата со жалбата на Манчестер сити за исклучување од европските натпреварувања останува неизвесна. Судот за арбитража за спорт (КАС) може да го одложи разгледувањето на случајот „Мачестер сити“ заради ситуацијата со коронавирусот. Судот во Лозана планира да разгледа 16 случаи пред 18 мај, но жалбата на клубот од Манчестер сè уште не е на списокот. КАС веќе презакажа три случаи. Манчестер сити соопшти дека сè уште нема добиено никакви извештаи од КАС за ефектот на коронавирусот врз процесот на жалба. За потсетување, Манчестер сити во февруари, доби две години суспензија од европските натпреварувања поради кршење на правилата за финансиски ферплеј. зс/

Тагови

Остани поврзан