• недела, 01 февруари 2026

ЕХФ се корегираше – македонските ракометари реваншот го играат на домашен терен

ЕХФ се корегираше – македонските ракометари реваншот го играат на домашен терен

Хернинг, 31.јануари 2026 (МИА) – Европската ракометна федерација направи грешка при извлекувањето на двојката меѓу македонскиот ракометен тим и победникот од дуелот Украина и Словачка во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство во Германија 2027.

Според пропозициите се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа топче од „шешир неносители“ и двете се ставаат во сад и првото „топче“ е домаќин на првиот натпревар. Тоа не се случи при првото извлекување. Сепак во повтореното беше одлучено првиот натпревар на 13 или.14 мај да се игра на теренот на противникот (Украина или Словачка), а реваншот на 16-17.мај на домашен терен најверојатно во Скопје.  мн/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан