• сабота, 09 ноември 2024

Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху

Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху

Тел Авив, 15 октомври 2023 (МИА) - За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак.

Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“. сд/

фото:Википедија

Остани поврзан