Ефес прв финалист во кошаркарската Евролига
- Турскиот тим обезбеди второ последователно финале со тројка на српскиот кошаркар Василије Мициќ во последната секунда од првото полуфинале во белградската Арена. Шејн Ларкин беше најефикасен
Белград, 19 мај 2022 (МИА) – Бранителот на титулата во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес, обезбеди пласман во финалето на завршниот турнир во Белград, откако вечерва во драматичен натпревар триумфираше над Олимпијакос со 77-74.
Турскиот тим обезбеди второ последователно финале со тројка на српскиот кошаркар Василије Мициќ во последната секунда од првото полуфинале во белградската Арена.
Шејн Ларкин беше најефикасен во редовите на Анадолу Ефес со 21 поени, додека Мициќ го заврши натпреварот со 15 поени.
Второто полуфинале вечерва ќе донесе шпанска пресметка меѓу големите ривали Барселона и Реал Мадрид. ег/сд/