• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ ја предупреди Унгарија за затворањето на границите за странци

ЕУ ја предупреди Унгарија за затворањето на границите за странци
Брисел, 1 септември 2020 (МИА) - Европската унија ја предупреди Унгарија дека не може да ги затвори своите граници за сите странци и да им дозволи враќање само на своите граѓани, откако унгарската Влада денеска воведе нови заострени мерки како одговор на, како што наведе, вториот бран од инфекции на коронавирусот во Европа. Унгарците кои се враќаат од странство сега ќе треба две недели да бидат во карантин, освен ако не покажат два негативни теста на коронавирус, јавуваат американските медиуми. Гергели Гулиас, шеф на кабинет на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска изјави дека странците не можат да влезат во земјата освен во оправдани случаи. Тој не објасни детално кои се тие случаи. Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, изјави дека не може да има дискриминација меѓу граѓаните на ЕУ кога станува збор за ограничувања на патувањата. -Постојат јасни правила за слободно движење во Европската унија и секоја земја-членка треба да ги почитува, рече тој. сд/

Остани поврзан