• сабота, 21 декември 2024

ЕУ разгледува нови санкции кон Иран поради војната меѓу Израел и Хамас

ЕУ разгледува нови санкции кон Иран поради војната меѓу Израел и Хамас

Брисел, 11 ноември 2023 (МИА) - Европската Унија расправа за зголемување на санкциите кон Иран поради неговата поддршка за Хамас, иако постои голема поделеност меѓу дипломатите на ЕУ околу тоа дали е добра идеја.

Во меѓувреме, трите главни земји-членки на ЕУ, Германија, Франција и Италија, подготвија планови како дополнително да го санкционираат Хамас, пишува Политико кој имал увид во документот.

Техеран долго време беше клучен поддржувач на Хамас, кој ги изврши нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.400 израелски граѓани и киднапираа повеќе од 240 луѓе.

Иран негира каква било вмешаност во ненадејниот упад на Хамас во Израел.

ЕУ пред неколку години го прогласи Хамас за терористичка организација и веќе е под бројни санкции.

Што се однесува до Иран, ЕУ минатиот месец одлучи да ги продолжи санкциите поврзани со нуклеарниот договор на земјата.

Од јули, Брисел воведе нов режим на санкции што му забранува на Иран да извезува компоненти што се користат за производство на беспилотни летала.

Сепак, постојат стравувања дека дополнителните санкции против Иран би можеле да ја влошат ситуацијата на Блискиот Исток.

Продолжувањето на тие мерки сега предизвикува конфузија во Брисел, според тројца дипломати на ЕУ запознаени со дискусиите кои зборувале под услов да не бидат именувани, наведува Политико.

Предлогот минатата недела бил разгледан од работна група дипломати специјализирани за Блискиот Исток во Советот.

На тој состанок неколку земји од ЕУ порачаа дека поради тајмингот новите санкции би можеле да имаат спротивен ефект и да доведат до ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, што „ЕУ сака да го избегне“.

Некои земји од ЕУ се на мислење дека би имало смисла да се подготват мерки доколку има докази дека Иран е вмешан во нападот на 7 октомври или ако Техеран ја ескалира ситуацијата во регионот. ссм/

фото: архива

Остани поврзан