• понеделник, 16 декември 2024

ЕУ не ја обнови забраната за премин на храна од Украина низ соседните земји и покрај нивните барања

ЕУ не ја обнови забраната за премин на храна од Украина низ соседните земји и покрај нивните барања

 Брисел, 15 септември 2023 (МИА) - Европската унија одлучи да не ја обнови забраната за премин на храна од Украина низ соседните земји од ЕУ, кои се жалат дека приливот на земјоделски производи од таа држава зафатена од војна им наштетила на нивните земјоделци.

Тој потег води до конфликт меѓу Брисел и Полска, Словачка, Унгарија и Романија.

Тие земји велат дека храната од Украина, која патува низ нивните територии, создава презаситеност на нивните пазари, намалувајќи ги цените на храната што ја прават локалните фармери.

Европската комисија ја образложи својата денешна одлука со тврдењето дека исчезнале „дисторзиите на пазарот“ и дека Украина се согласила од утре да воведе контрола на извозот на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед во соседните земји-членки на ЕУ.

Лидерите на Полска и Унгарија се заканија дека ќе усвојат сопствена забрана за увоз на украински земјоделски производи доколку ЕУ не одговори со продолжување на европската забрана.

На почетокот на неделава полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека доколку не се обнови европската забрана, „ние ќе го направиме тоа самите бидејќи не можеме да дозволиме дерегулација на пазарот“. Тоа денеска го повторија владините претставници во Варшава. зш/

Остани поврзан