• понеделник, 16 декември 2024

ЕУ и Белата куќа го осудија рускиот напад во областа Херсон

ЕУ и Белата куќа го осудија рускиот напад во областа Херсон

Киев, 5 октомври 2023 (МИА) – Денешниот руски ракетен напад врз селото Хроза, областа Херсон, при што загинаа 51 човек го осудија Европската Унија и Белата куќа.

- Со овој крвав напад врз селото Хроза, руското насилство достигна ново и уште позлобно ниво. Намерните напади врз цивили се воено злосторство … Руските лидери, команданти, сторителите и соучесниците на овие злосторства мора да бидат повикани на одговорност, изјави шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Белата куќа рускиот напад го оцени како „застрашувачки“.

- Мораме да продолжиме да го поддржуваме украинскиот народ, бидејќи живее во ужасна реалност секој ден, изјави портпаролката на Белата куќа.

Во областа Херсон од утре е прогласена тридневна жалост.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски по нападот повторно побара од западните земји да достават системи за противвоздушна одбрана. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан