• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош за Украина

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош за Украина

Брисел, 6 август 2024 (МИА) - Земјите од Европската унија денеска ја одобрија првата квартална исплата на Украина од фондот за поддршка, чија вкупна вредност е 50 милијарди евра (55 милијарди долари), јави ДПА.

Исплатата од 4,2 милијарди евра е за финансирање на функционирањето на државата и за поддршка на економската стабилност на земјата, каде војната продолжува да беснее.

ЕУ го надмина противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно оваа година за да создаде фонд од 50 милијарди евра за Украина, обезбеден од буџетот на блокот, кој ќе трае до 2027 година.

Украина мора да ги исполни однапред договорените услови за да продолжи да прима редовни квартални плаќања. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан