• сабота, 23 ноември 2024

„ЕУ за општините“ ќе промовира нови 16 сертифицирани обучувачи

„ЕУ за општините“ ќе промовира нови 16 сертифицирани обучувачи

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Во организација на Програмата „ЕУ за општините“ денеска во Велес ќе бидат доделени 16 сертификати на вработени во дел од единиците на локалната самоуправа и планските региони со што тие ќе станат сертифицирани обучувачи за проектен менаџмент и јавни набавки според ЕУ PRAG правилата.

На официјалната церемонија воведни обраќања ќе имаат градоначалниците на Аеродром и Велес, Тимчо Муцунски и Марко Колев, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Програмата „ЕУ за општините“, Секретаријатот за европски прашања, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и „СРМА“ Проектот на УСАИД.

-Со ова, Европската Унија продолжува да го зајакнува внатрешниот потенцијал на општините во земјава, а само во изминативе две години преку Програмата „ЕУ за општините“ беа обучени повеќе од 708 вработени од различни општини, со фокус на зголемени знаења и вештини од областите на јавните набавки според ЕU PRAG, договорното право и управувањето со проекти. Истовремено, во рамките на активностите на оваа ЕУ Програма, беше развиен и систем за испити и сертификација, а Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка во 2022 година со цел да се приклучат на напорите за градење капацитети на општините и изразија јасна намера да продолжат со активностите за обука и сертификација во рамките на Програмата „ЕУ за општините“, соопшти тимот на програмата. хс/

Фото: Програма „ЕУ за општините“ 

Остани поврзан