• среда, 27 ноември 2024

ЕУ: Годинава договор за усвојување на првиот закон за вештачка интелигенција

ЕУ: Годинава договор за усвојување на првиот закон за вештачка интелигенција

Брисел, 30 април 2023 (МИА)  - Европската унија оваа година веројатно ќе постигне договор што ќе го отвори патот за усвојување на првиот голем закон за вештачка интелигенција,  изјави извршниата потпретседателка на Европската комисија задолжена за технолошки прашања, Маргрет Вестагер.

„Немаше причина да се двоумиме и да го чекаме воведувањето на законот. Ова е неопходно за да се забрза воведувањето на неопходните промени во сите системи каде вештачката интелигенција ќе има огромно влијание“, изјави таа.

Вестагер меѓу другото наведе дека ќе се воведе задолжително означување на фотографии генерирани од вештачката интелигенција.

Во четвртокот, пратениците на Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор за проследување на нацрт-законот за Комитетот за вештачка интелигенција, кој ќе гласа за него на 11 мај. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан