• понеделник, 23 декември 2024

ЕУ: БиХ не почитуваат правила за помош на бегалци

ЕУ: БиХ не почитуваат правила за помош на бегалци
Сараево, 17 јуни 2020 (МИА) - Европската комесарка Илва Јохансон ги предупреди властите на Босна и Херцеговина дека ЕУ може да им ја скрати помошта во рамки на „миграцискиот менаџмент“, бидејќи тие не ги почитуваат правилата за давање помош на бегалците. Во остро интонирано писмо до раководството на Босанска Краина, каде се испратени сите бегалци кои влегуваат во БиХ, таа нагласува дека ЕУ ќе преиспита дали во иднина да и помогне на БиХ во врска со сместувањето на бегалците кои се на нејзина територија. ЕУ досега и помогна на БиХ со 60 милиони евра да изгради шест центри за бегалци, во кои во моментов живеат околу 6.000 лица, додека се проценува дека околу 1.500 бегалци преживуваат во сурови, нехумани услови во градови во Босанска Краина. зш/

Остани поврзан