ЕУФОР ќе патролира ширум БиХ
- Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР
Бања Лука, 18 април 2024 (МИА) – Стратешките резервни сили на ЕУФОР распоредени во Босна и Херцеговина во текот на месецот и во мај заедно со вооружените сили на БИХ ќе патролираат низ земјата, а не само во Пале и во источно Сараево, објави ЕУФОР.
ЕУФОР соопшти дека распоредувањето на овие сили не е поврзано со ништо друго и дека овие активности се планирани долго време и се насочени кон постигнување на редовни цели за обука.
Оклопните возила на резервните сили на ЕУФОР вчера беа распоредени во центарот на Пале, поради што градоначалникот на општината Бошко Југовиќ испрати писмо до командата на ЕУФОР со барање претходно да биде известена локалната администрација за таквите активности. ми/
фото: МИА архива