• петок, 26 јули 2024

ЕУФОР: Бесмислена е информацијата дека имаме намера да го уапсиме Додик

ЕУФОР: Бесмислена е информацијата дека имаме намера да го уапсиме Додик
Бања Лука, 13 април 2022 (МИА) - Командата на ЕУФОР во БиХ соопшти дека се бесмислици и целосно неосновани наводите на некои медиуми од Србија дека ЕУФОР има намера да го уапси српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик. „Наводите неодамна објавени во весникот Српски телеграф дека ЕУФОР ќе го уапси членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик за корупција се глупости и целосно неоснована приказна“, соопшти ЕУФОР. Тие додаваат дека ЕУФОР останува посветена на поддршката на властите во БиХ во одржувањето безбедна и стабилна средина за населението во земјата. Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво, бидејќи полицијата, како што соопшти МВР на РС, од партнерските служби добила информации за можност за загрозување на безбедноста на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и неговото семејство. Се наведува дека неговата безбедност е загрозена „од одредена група“, а наведените мерки ќе останат во сила до целосна проверка на сите факти поврзани со оваа информација. паг/      

Остани поврзан