Еуро Никел поуспешен од Вардар во последниот натпревар од основниот дел на сезоната во кошаркарското првенство
- Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Победа со 70:67 извојуваа гостите од Кавадарци предводени од Смит Мексвејн кој постигна 24 поени и 10 скока.
Скопје, 31 март 2024 (МИА) – Екипите на Вардар и Еуро Никел 2005 вечерва го одиграа последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Победа со 70:67 извојуваа гостите од Кавадарци предводени од Смит Мексвејн кој постигна 24 поени и 10 скока.
По 22 одиграни кола, Еуро Никел 2005 заврши со ефект (14-8), доволен за место број 6, а во четвртфиналната серија од плеј-офот, ќе ги одмери силите со екипата на Пелистер, која има и предност на домашен терен (во евентуалниот петти натпревар).
Вардар финишира со (3-19) со кои ќе влезе во неизвесната битка за опстанок, односно уште шест натпревари со другите учесници на Плеј-аут лигата, Кожув, Охрид и Навико Академија ФМП.
Двојки во четвртфиналето:
(1) МЗТ Скопје Аеродром - (8) Гостивар
(4) Чаир 2030 – (5) ТФТ Моцарт
(2) Работнички – (7) Феникс 2010
(3) Пелистер – (6) Еуро Никел 2005
Сите серии во плејофот, се играат прв до три победи. зс/
Фото: КФСМ