Еурофарм Пелистер 2 не ги мина квалификациите во Лигата на Европа
- Еурофарм Пелистер 2 не успеа да ја мине прва рунда од квалификациите за Лигата на Европа на ЕХФ. Битолчани вечерва на свој терен загубија од Алпла ХЦ Хард со 27:24.

Битола, 4 септември 2022 (МИА) - Еурофарм Пелистер 2 не успеа да ја мине прва рунда од квалификациите за Лигата на Европа на ЕХФ. Битолчани вечерва на свој терен загубија од Алпла ХЦ Хард со 27:24.
Австрискиот претставник по втор пат беше поуспешен во меѓусебните пресметки со македонскиот тим.
И на првиот меч на теренот на Алпла позитивата беше три за австрискиот тим (24:21).
Белистојановски со шест гола беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2, четири пати реализираше Атанасијевиќ, а по три погодоци постигнаа Арсеновски и Ивановски. зс/
