• петок, 23 август 2024

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Струга, 14 август 2024 (МИА) - Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер убедливо го совлада домаќинот Струга со 39:22 (18:14) на отварањето на 52. Меѓународен турнир Струга 2024, што се игра на отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Неизвесноста на натпреварот траеше до 23-тата минута од првото полувреме кога резултатот на семафорот беше 13:11 за македонскиот првак, после тоа предноста се зголемуваше до конечните 39:22. Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи да ја почуствуваат атмосферата на натпреварот. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа македонските репрезентативци Филип Кузмановски и Павле Атанасијевиќ, со по шест гола, додека кај Струга се истакна Никола Летиќ со пет погодоци.

Турнирот за отворен го прогласи претседател на организацискиот одбор Кирчо Јованоски, изразувајќи задоволство што традицијата успешно продолжува и во шестата деценија.

- На секој стружанец генот му е да знае да плива, скока такла и игра ракомет. А Струга е вистински расадник на ракометни таленти и репрезентативци на Македонија. Секоја година турнирот е се посилен со тимови кои значат и во домашните првенства и во европските купови, пто го покажува и неговиот квалитет и неговата репутација, истакна Јованоски. 

Во вториот натпревар од вечерашната програма играат македонските екипи Вардар и Тиквеш.

Утре Струга ќе се соочи со грчки ПАОК, по што следува натпреварот меѓу Тиквеш и Екскилстуна Гуиф.  Додека ден потоа во првиот термин ќе се соочат Вардар и Екскилстуна Гуиф, а потоа ќе играат Еурофарм Пелистер и Паок. сс/дма/

Фото: Меѓународен ракометен турнир Струга

Остани поврзан