• вторник, 26 ноември 2024

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари

 

Битола, 4 јуни 2024 (МИА) – Раководството на македонскиот првак Еурофарм Пелистер одлучи да не ја продолжи соработката со седум ракометари на кои со завршувањето на сезоната им истекоа договорите со битолскиот клуб.

Редовите на Еурофарм Пелистер, како што соопшти денеска клубот, ги напуштаат Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

„Клубот им посакува успеси во новите средини и вратите на Еурофарм Пелистер и град Битола секогаш ќе бидат отворени за нив“, се наведува во клупското соопштение.

Еурофарм Пелистер во завршното коло сезонава во македонската Суперлига го совлада во саботата Алкалоид на домашен терен со 32-28 и со тоа ја одбрани шампионската титула. ег ФОТО: РК Еурофарм Пелистер/Фејсбук

Остани поврзан