Еурофарм Пелистер поразен од Архус во ЕХФ Европската лига
- Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од Архус со 30:27 во првиот свој настап сезонава во Европската лига на ЕХФ Д-група.
![Еурофарм Пелистер поразен од Архус во ЕХФ Европската лига](https://mia.mk/index.php/images/20221114013243_big_730x400_98.webp )
Битола, 25 октомври 2022 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва загубија од Архус со 30:27 во првиот свој настап сезонава во Европската лига на ЕХФ Д-група.
Битолчани добро го отворија натпреварот, имаа во пет наврати и три голови предност, но во финишот на првото полувреме како да им снема сили и гостите по 11:9 за Пелистер направија серија од 7:1 за предност на полувреме со 16:12.
Архус во текот на целото второ полувреме го контролираше резултатот и не го испушти водството кое беше изразено и со највисоки +5. Пелистерци на пет минути пред крајот се доближија на 26:27, но не успеаја да го избегнат поразот.
Трибините во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беа целосно исполнети, а Еурофарм Пелистер во текот на целиот натпревар имаше поддршка од своите навивачи.
Во второто коло македонскиот претстваник ќе гостува во Португалија кај Агуас Санташ. зс/
![пелистер](/articles/images/%d0%b5%d1%83%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b0%d1%80%d0%bc-%d0%bf%d0%b5%d0%bb%d0/cqgn3J1Gk/placeholder.webp?use_watermark=0)